Нов силен земјотрес во Турција

by Fokus

Нов силен земјотрес вечерва со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, чие тло веќе неколку дена никако не мирува.

Потресот бил во близина на градот Кахраманмараш, на длабочина од 10 километри. Тој град беше еден од напогодените во разорниот земјотрес на 6. февруари.

Оттогаш, тлото на Турција постојано се тресе и регистрирани се повеќе земјотреси, кои се префрлија и во Романија и Грција во последните неколку дена.

Поврзани новости