833
Неколку минути после 22 часот, во Албанија повторно е регистриран нов земјотрес со јачина од 4.5 степени по Рихтер, пренесува ТВ 21.
Земјотресот е почувствуван и во западниот дел на Македонија со послаб интензитет.
Пред неколку дена Драч, Тирана и околината беа погодени од силен земјотрес, во кој животот го загубија 50 луѓе, а стотици беа повредени.