508
Заматената вода деновиве се вратила во чешмите во домовите на тетовчани во близина на Средното економско училиште „8 Септември“.
Загрижени граѓани, пратија неколку фотографии на кои се гледа дека водата е заматена, а ги објави Мета.
Од Центарот за јавно здравје-Тетово, велат дека водата во главниот цевковод која поминува низ градот е чиста и безбедна за пиење. Заматеноста на водата во овој дел на Тетово, според нив, е парцијален проблем. Најверојатно се работи за некој недостаток во дел од градската водоводна мрежа.