Ноќни стражи ќе го чуваат паркот во Тафталиџе

by fokus

Жителите од улицата Букурешка во скопско Тафталиџе од синоќа воведоа ноќни стражи за одбарана на паркот од изградба на петкатница.

Граѓаните велат дека организирани се 24/7  и имаат мрежа за известување ако некој повторно проба да го руши паркот.

Тие вчера по петти пат застанаа во одбрана на паркот и ги избркаа багерите и работницит кои беа дојдени да ги постават темелите на новата станбена зграда.

Веднаш после тоа Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, поднесе кривична пријава против непознат сторител за спречување на градежните активности.

Сепак, жителите не се откажуваат од зеленилото. Освен ноќните стражи, тие викендов организираат и целодневна дружба на која ќе порачаат дека „Паркот нема да падне!”.

Поврзани новости