(Видео) Повторно се тресе тлото во Турција

by Fokus

Најмалку 23 лица се повредени синоќа во земјотресот во јужна Турција. Земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Како што пренесува „Еј-би-си“, турските власти потврдиле дека фокусот на земјотресот бил во градот Јесиљурт во провинцијата Малатија, а земјотресот бил почувствуван и во Адијаман.

Оваа страшна снимка е од Малатија, Турција денес каде што силно погоди земјотресот.

И двете провинции беа погодени од разорни земјотреси во февруари оваа година, во кои загинаа најмалку 50.000 луѓе во Турција и Сирија.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа во објава на социјалните мрежи рече дека повредите здобиени во Малатија и Адијаман се состоеле од падови и луѓе кои се фрлале од згради за да не бидат згмечени под урнатата зграда.

Поврзани новости