Вчера, според локалните украински власти, во гранатирањето на регионите Харков и Запорожје загинале две лица, а неколку други биле ранети. Во нападот на хотелот во Запорожје најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и четири деца, изјави Јуриј Малашко, шеф на регионалната воена администрација.
Меѓу повредените деца има и тригодишно девојче. Едно лице е убиено во нападот, соопштија властите. Во областа Харков, по руското гранатирање на селото, една жена загина, а двајца мажи се повредени, изјави Олех Синијехубов, шеф на воената управа на регионот Харков.
Yet another Russian strike on Zaporizhzhia.
A hotel was hit.
As of now, one person dead, five wounded. Rescue works continue.
Terrorist state continues terrorizing civilians.
📹: ZelenskyyUa pic.twitter.com/5UifErFTM8
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 10, 2023