Повторно се одложи судењето за „Ровер“

by fokus

Главната расправа за судскиот случај „Ровер“, во Кривичниот суд, денеска повторно се одложи, бидејќи на закажаното рочиште не се појави адвокатот по службена должност на четворицата првообвинети странски државјани, Предраг ЧубрилоМилан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ. На рочиштето од оправдани причини не присуствуваше ниту обвинетиот Ивица Ристиќ, бидејќи вчера бил примен на леклување во кумановската болница.

Наредното рочиште е закажано за 23 ноември, кога се очекува предметот да почне од почеток, бидејќи Апелациониот суд досега во два наврати ја укина првостепената пресуда и случајот го врати во првостепениот суд.

Според првостепената пресуда, за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев, од 2001 година, обвиентите Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ  добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ беше осуден на 15 години затвор, екс министерот Љубе Бошкоски доби казна затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Поврзани новости