Повторно се одложи судењето за незаконското масовно прислушување

by Fokus

Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на УБК, екс министерката Гордана Јанкулоска и уште седумина обвинети во случајот Таргет-Тврдина денеска седнаа на обвинителна клупа, но судењето се одложи, бидејќи обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски се уште се во екстрадиционен притвор во Грција.

Новото рочиште за незаконското масовно прислушување е закажано за 15 мај, а како што кажа судијката Џенета Бектовиќ доколку до тогаш Грујевски и Бошковски не бидат донесени во земјава ќе одлучи дали за нив да се раздвои постапката и да им се суди одвоено.

Наредното рочиште на Грујевски и Бошковски во Врховниот суд во Грција е закажано за 27 април, кога би требало да се донесе одлука дали бегалците ќе бидат екстрадирани во земјава или ќе се прифати нивната жалба да не бидат вратени во Македонија.

В.В.

Поврзани новости