411
Никола Груевски се уште го има пратеничкиот мандат, но Кривичниот суд побара од Собранието одземање на имунитетот врз основа на мерката притвор што му е изречена за пет судски предмети.
Пет барања за одземање на имунитетот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, кој избега и доби политички азил во Унгарија, се испратени до Собранието. Тие ќе бидат разгледувани на утрешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, чиј претседател е Павле Богоевски.
Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес, но пред да започне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија.