Повторно протести во Мјанмар

by Fokus

Демонстранти денеска повторно почнаа да се собираат на улиците во повеќе градови во Мјанмар, иако е наложено распоредување на војска и зајакнати репресивни мерки.

Неколку стотици луѓе протестираат во Јангон, економската престолнина на Мјанмар.

Полицијата со водени топови и оклопни возила е распоредена на повеќе места во Јангон, без масовно воено присуство во оваа фаза.

Демонстрантите во близина на оклопните возила истакнаа транспаренти на кои се повикува на отпор и граѓанска непослушност.

Полицијата вчера отвори оган врз демонстрантите, војската распореди свои трупи во неколку градови, а интернетот беше во прекин.

Војската на Мјанмар на 1 февруари ја презеде власта, ја собори владата и премиерката Аунг Сан Су Чи, воведе полициски час во неколку градови и забрани собири на повеќе од пет луѓе.

Поврзани новости