Повторно протести пред Собрание, демонстрантите бараат оставка од владата на Заев

by Fokus

И вечерва продолжуваат протестите пред Собранието во Скопје против договорот за решавање на проблемот за името меѓу Македонија и Грција. Демонстрантите бараат оставка од Владата и да не се одржи референдум за името.

Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Грција во Псарадес.

Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. По церемонијата делагациите од Македонија и од Грција ќе имаат средба и заеднички ручек во Отешево.

Поврзани новости