441
Собранието повторно ја презакажа седницата на која ќе се гласа за уставните амандмани. Седницата беше пролонгирана и вчера, а одложена за денеска откако премиерот, Зоран Заев, им се обрати на пратениците.
Од Собранието испратија известување до медиумите дека наместо во 13.00 часот како што беше закажана, седницата ќе почне со два часа задоцнување, или во 15.00 часот.
Не е наведена причина за одложувањето, но се шпекулира дека проблемот лежи во тоа што се уште не е обезбедено 2/3 мнозинство, затоа што крилото на БЕСА под лидерство на Биљал Касами не отстапува од своите барања.
Како што рече утринава премиерот, на самиот акт на гласање на првиот амандман ќе се знае дали е обезбедено потребното мнозинство.