800
Граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница, утрово е повторно отворен за секаков вид сообраќај за влез и излез од земјата.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека според информациите добиени од Република Грција граничниот премин кој поради штрајк на грчките цариници беше затворен од вчера од 5 часот, е отворен утринава од 05.30 часот.