Македонскиот Полициски Синдикат: Нема да дозволиме да се навредуваат и омаловажуваат полициските припадници дека се непрофесинални

by Fokus 10:19
10:19

По вчерашниот протест на Платформата на родова еднаквост за „Јавна соба” и ставот дека жените не и веруваат на полицијата, со реакција излегоа и од Македонскиот Полициски Синдикат како единствен репрезентативен сидндикат. Од таму велат дека се цврсто се уверени дека нивните членови полициските службеници имаат изграденo голем професинализам и интегритет во работење и тие во никој случај при своето професионално работење и постапување со граѓаните, не се водени од родовите стереотипи и предрасуди.

-Нема да дозволиме како Синдикат, поедини случаи да бидат генарилизирани и на тој начин да се навредуваат и омаловажуваат полициските припадници дека се непрофесинални, неетички а најмалку дека се родово несензибилизирани или во рамките на своите полициски постапувања и овлстувања истите се водени од прерасуди и стереотипи. Македонскиот полициски синдикат во континуитет работи на заштита на правата на полициските службеници и нивните секојдневни обврски кои истите ги имаат во извршувањето на службените задачи и во никој случај нема да дозволи на ваков начин истите да бидат омаловажени и навредени. Колку за потсетување сведоци сме и свесни сме дека полицаец го загуби животот при интервинарање на пријава за семејно насилство во Куманово што за жал можеме да констатираме дека на ваков начин докажуваме дека полициските службеници по секоја пријава постапуваат и превземаат мерки со што за жал понекогаш има и трагичен крај, реагираат од Македонскиот полициски синдикат.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Од таму стојат зад ставот и потенцираат дека нема потреба од дополнителни правни акти во МВР за уредување на санкционирање во случај на семејно насиство, затоа што доколку другите институции надлежни за справување и заштита на жртвите од семејното и родово базираното насиство би биле ,,законски уредени и подредени,, како тоа што е правно и институционално регулирано како во Министерството за внатрешни работи, тогаш со сигурно тврдат дека насилниците ќе бидат соодветно санкцинирани.

Поврзани новости