434
Повторно е оштетен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, информираат од СВР Охрид. Според информациите, инцидентот се случил ноќта околу 2 часот по полноќ.
Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, соопштија од полицијата. На 12-ти октомври годинава беше искршен натписот над влезната врата на објектот.