АХВ: Поради афлатоксин од пазарот повлечен и јогуртот „Баланс плус“

by Fokus

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – БАЛAНС +ферментиран млечен производ , нето количина 1 кг, поради испратена количина на производ која не е наменета за македонскиот пазар и е со неусогласена концентрација на афлатоксини според македонските прописи и е потенцијален ризик по здравјето  на луѓето.

Сериски број/лот: 28.11.22

Рок на употреба: 28.11.2022

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, стои во објавата на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Поврзани новости