Повторно ќе му се суди на Хаџиски за убиството на Мери Јошевска

by Фокус

Јавното обвинителство донесе одлука на скопјанецот Миле Хаџиски да му се суди од почеток бидејќи биле исполнети законските основи, односно одлучиле дека обвинетиот има право на судење во негово присуство.

-Обвинителот кој постапува во предметот, достави позитивно мислење по барањето, односно се согласи со предлогот за повторување на постапката, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство, се вели во соопштението на обвинителството.

Оттаму додаваат дека предложиле до судот на обвинетиот да му се одреди мерка притвор, поради опасност од бегство. Судот позитивно одговори на нивното барање и на Ханџиски му одреди мерка притвор од 30 дена.

Миле Хаџиски во 1993 година, според судската пресуда, брутално со нож ја уби скопјанката Мери Јошевска. По деветнаесет години бегство беше уапсен од швајцарската полиција. Во отсуство, Хаџиски беше осуден на 20-годишна затворска казна.

Поврзани новости