Повреденото момче кај Рампа сеуште се бори за живот

by fokus 13:22
13:22

Момчето (22) од скопската населба Сингелиќ кое вчеравечер кај рампа во Кисела Вода доживеа тешка сообраќајна несреќа откако возилото марка БМВ му го пресекло патот, сеуште се бори за живот.

Младиот мотоциклист беше повреден вчера во 00:30 часот при судир со автомобил БМВ со кој го управувал Дејан Митровски – Урко, поранешниот телохранител на Никола Груевски. Во билтенот на МВР се вели дека Урко преминал на спротивната коловозна лента и во него удрил мотоциклистот.

Од градската болница “Наум Охридски” велат дека момчето кое било донесено со тешки телесни повреди и денеска  дише со помош на апарати и е во животна опасност.

Од МВР велат дека е направен увид и целосната документација е предадена на Основното Јавно Обвинителство кое ќе го води случајот.

Поврзани новости