СДСМ: Регулаторна да ја намали цената на парното за 30 проценти

by fokus 13:43
13:43
Опозициската СДСМ бара намалување на цената на парното за 30 проценти. Ваквото барање се однесува на цената на парното за потрошувачите на топлинска енергија преку ЕЛЕМ енергетика и БЕГ, кои плаќаат повисоки сметки за греење од реалните за околу 30 отсто, велат од СДСМ.
Оттаму обвинуваатдека овие две компании цела година на граѓаните им наплаќаат повисоки сметки.

“Регулаторната комисија за енергетика, слично како што за струјата дозволи на власта на Груевски преку енергетските компании да влече пари од сметките на граѓаните, иако беше падната цената на регионалните берзи, тоа веќе цела година го прави и за потрошувачите на “Топлификација“”, велат од СДСМ.

Од таму реагираат дека регулаторната комисија имала законска обврска да реагира и да ја намали уште во декември 2015 цената на топлинска енергија за потрошувачите на овие две компании, бидејќи нивните трошоци за набавка на горивото природен гас биле помали од проектираните.

Поврзани новости