Повредени две лица во тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Куманово

by fokus

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопат Скопје-Куманово после наплатната станица Петровец.

Според неофицијални извори во сообраќајката учествувале три возила: голф со скопски регистарски ознаки, „цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки и комбе со кумановски регистарски ознаки.

Сообраќајот вечерва е во прекин на патот Скопје кон Куманово и се пренaсочува од старата клучка за Аеродром Петровец према Скопје.

Поврзани новости