Повредени двајца полицајци во Арачиново откако се обиделе да легитимираат лица барани со потерница

by fokus

Двајца полицајци попладнево се повредени во село Арачиново откако се обиделе да легитимираат две лица барани со потерница.

Како што соопшти вечертва МВР  инцидентот се случил околу 17 часот на ул. 1 во Арачиново кога полицајците запреле „Голф“ во кое се превезувале две лица  О.М. (33) и Г.М. (20),  кои се бараат со потерница за издржување на затворска казна. Во моментот кога еден од полицајците се доближил до возилото, возачот О.М. го стартувал голфот наназад и го удрил полицаецот. Полицијата испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух, но возачот на возилото не застанал туку удрил во другиот полициски службеник, по што избегал.

Од МВР преземаат мерки за пронаоѓање на О.М. и Г.М., а на двајцата полициски службеници им е укажана помош во Градската општа  болница „Наум Охридски“ и се пуштени на домашно лекување.

Поврзани новости