Повреден војник во касарна во Скопје

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, војник од касарната „Илинден“ бил хоспитализиран откако бил повреден од негов колега, велат од МВР.

„Вчера околу 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарна „Илинден“ во Скопје со повреда се здобил Б.Т.(45) од Злетово и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата. Од страна на Воена полиција бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости