People to People International Skopje-Macedonia, во соработка со Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, објавува повик за учесници на третата генерација од едукативната програма за средношколци „Амбасадори на мирот“.
Целта на програмата е да ги поврзе средношколците од Скопје, да ги охрабри да го вложат своето време во развој како индивидуи и да дојдат до заеднички идеи за општествено унапредување. Тема во фокус за овогодишната генерација е „Придонесот на младите во унапредување на човековите права“.
Програмата ќе им понуди на средношколците едукација на неколку различни теми преку следниве работилници:
• Работилница за тимска работа и лидерство (13.02.2016)
• Работилница за развивање вештини за изразување на критички став (20.02.2016)
• Работилница за човекови права (27.02.2016)
• Финален настан (05.03.2016)
Во текот на работилниците ќе се работи со методите на неформалното образование, а исто така средношколците ќе имаат можност да научат за нови теми преку предавања, искуствени говори и дебати од присутните говорници.
Втората фаза од програмата подразбира учество на настан којшто ќе треба да ги рефлектира сите стекнати знаења од првата фаза на програмата. Повеќе детали за овој настан ќе бидат објавени во текот на самата програма.
Сите учесници што успешно ќе ја комплетираат програмата ќе се стекнат со сертификат од People to People International, а исто така ќе им бидат понудени и можности за понатамошно лично унапредување и придонес во заедницата. Напоменуваме дека присуството на сите активности предвидени во рамки на програмата е задолжително.
Вашите апликации испратете ги на ptpiskopje@gmail.com. Крајниот рок за аплицирање е 2 февруари (23:59).
Линк до апликацијата, говорници и искуства од Алумнистите на програмата:http://www.ptpiskopje.org/news?id=67