Повик за протест во сабота: „Да ставиме крај на диктатурата“

by Фокус

На социјалните мрежи се шири повик за протест во кој се повикуваат сите граѓани да излезат на плоштадите во градовите, под мотото „Да ставиме крај на диктатурата“.

Во повикот се посочува дека протестот ќе се одржи на 7 февруари, во сабота, при што незадоволните граѓани од земјава, без разлика на нивната политичка, верска и етничка припадност ќе се соберат да го кренат гласот против актуелниот режим.

Поврзани новости