Учениците со поддршка до професорите, го блокираа влезот на гимназијата „Орце Николов“

by Фокус 13:02
13:02

Генералниот штрајк во образованието зазема се поголем замав. Дел од професорите добија поддршка и од своите ученици, па така влезот на гимназијата „Орце Николов“ е блокиран од стотина ученици кои кои сакаат да им помогнат на професорите да се изборат за своите права. Во моментот таму не се одржува настава.

995621_1531057427163907_3224104042299093498_n

- Advertising -

Тие пред една недела испратија отворено писмо до своите професори да се изјаснат слободно, против неправдава која само во земја како Македонија може да се спроведе.

– Едно тромесечие е мала жртва во однос на иднината на оние кои допрва треба да седнат во училишните клупи. Ова требаше да биде моментот каде ќе блеснеше вистинската сила на професорскиот пленум, на оние кои навистина заслужуваат стравопочит! Благодарни сме за тоа што не потклекнавте под неприкосновените наредбите на високите органи. Се влева нова надеж, во малубројниот, но сепак значаен број на професори, која дава повеќе од доволна мотивација за издвојување победа над неправдата – се наведуваше во писмото од учениците.

Според учениците, благодарение на нивните професори, гимназијата „Орце Николов“ е меѓу најдобрите три во Македонија.

– Гледајќи ги секојдневните притисоци и закани на луѓето кои морално и интелектуално не издигнаа, кој се основата на нашата трансформација во граѓани на оваа земја, кои поради нивната макотрпна работа и посветеност кон нас успеаа “Орце” да го вметнат во трите најдобри гимназии во Република Македонија. Повеќе-децениското градење на “Орце” во тоа што е денес јасно го истакнува нивниот кредибилитет. Најзаслужни за нашите успеси на резултатите од државната матура и екстерното тестирање се нашите професори – се наведуваше понатму во писмото.

Поврзани новости