Предлог-буџетот за 2022 година по дополнувањата од Владата направени врз основа на амандманската расправа во собраниските комисии, се враќа пред пратениците во Собранието.
Откако ќе биде вратен во Собранието, дополнетиот Предлог-буџет оди на пленарна седница, а таму расправата трае пет дена.
Владата на вчерашната седница, од вкупниот број амандмани, прифати 23 во вкупен износ од околу 382 милиони денари.
Со усвоените амандмани се зголемуваат средствата во Министерството за информатичко општество и администрација во износ од 250 милиони денари за реализација на програмските активности на Македонската радио телевизија. Еден милион денари повеќе добива Уставниот суд за избор на нови уставни судии, а зголемување од милион денари ќе има и кај Финансиската полиција.
-Зголемување на средствата во Министерството за информатичко општество и администрација во износ од 250 милиони денари за реализација на програмските активности на Македонската радио телевизија;
зголемување на средствата во Уставен суд во износ од 1 милион денари за избор на нови уставни судии; зголемување на средствата во Финансиска полиција во износ од 1 милион денари за преземени обврски за набавка на возило, како и некои други, соопштија од Владата.