Ерупција на вулкан во Индонезија – 13 загинати

by fokus

Најмалку 13 лица загинаа во ерупцијата на вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава, додека десет лица кои биле заробени се успешно евакуирани, соопшти државната агенција за вонредни состојби (БНПБ).

Семеру вчера исфрли големи количества гас, пареа и пепел, кои ги зафатија околните села во провинцијата Источна Јава и ги принудија луѓето панично да бегаат.

Претставникот на БНПБ, Абдул Мухари соопшти дека загинале 13 лица од кои само двајца досега се идентификувани.

Повредени се 98 лица, меѓу кои и две трудници, додека вкупно 902 се евакуирани. БНПБ додаде дека најмалку 35 лица се хоспитализирани, а заменик-претседателот на областа Лумајанг рече дека 41 лице се здобиле со изгореници.

Поврзани новости