468
Повеќе од 60 луѓе загинаа во поплавите што ја зафатија јужна Индија. Најпогодени беа трите сојузни држави Андра Прадеш, Карнатака и Тамил Наду, каде илјадници луѓе се раселени по поројните дождови.
Над 30 луѓе загинаа во несреќи поврзани со дождот во Андра Прадеш, а исто толку се водат како исчезнати. Многу села се отсечени од автопатиштата, а тимовите за управување со катастрофи доставуваа храна и вода со чамци и хеликоптери.
Во Карнатака загинаа дваесетина луѓе, а уништени се повеќе од 500.000 хектари посеви. Девет луѓе, меѓу кои четири деца загинаа при уривање на куќа во областа Велоре во Тамил Наду.