Повеќе од 300 луѓе загинале од почетокот на немирите поради смртта на Махса Амини

by Fokus

Повеќе од 300 луѓе загинаа во Иран од почетокот на протестното движење по смртта на Махса Амини, изјави синоќа генералот на иранската Револуционерна гарда, Амирирал Хаџизадех.

Протестите во Иран почнаа по смртта на Махса Амини на 16 септември која почина во притвор каде беше затворена поради кршење на строгиот кодекс за облекување на жените.

Во видео објавено од онлајн новинската агенција Мехр, командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда на Иран, Амирирал Хаџизадех, рече дека сите во земјата биле погодени од смртта на девојката.

– Немам најнови податоци, но мислам дека можеби имавме повеќе од 300 маченици и настрадани меѓу најдобрите деца на оваа земја после тој инцидент, рече Хаџизадех, мислејќи на припадниците на безбедносните сили и демонстрантите.

Во тој број на жртви се вклучени десетици припадници на безбедносните сили кои загинале за време на судирите со демонстрантите или биле убиени, според иранските власти.

Бројот на жртви се приближува до билансот што го објави невладината организација Иран човекови права (Iran Human Rights – IHR), со седиште во Норвешка, која информира дека во репресијата на демонстрантите во Иран загинале најмалку 416 лица.

Според организацијата, во тој број се вклучени лицата убиени во демонстрациите поради смртта на Махса Амини, како и убиените во насилствата во југоисточната иранска провинција Систан-Балучистан.

Поврзани новости