Во текот на утрешниот ден, повеќе локации и субјекти во Скопје ќе останат без електрична енергија поради подобрување на квалитетот во снабдувањето.
„Во среда на 02.11.2022 (во периодот од 06:00 до 07:30 часот), екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.
Поради реализација на овој зафат, без снабдување ќе останат наредните локации и субјекти: Маџари – индустриска зона, дел од ул. Благоја Стефковски, дел од ул. Перо Наков, дел бул. Киро Глигоров, Бетон Скрепер, Кожара, ЕМУЦ, ОУ Коце Металец, Роби Инженериг, Жито Македонија, Завод за заварување, Автотранспорт Вардар, Ќерамидница, Автогума, Механика, Булевар Војводина, Пивара, Кока Кола, Естекада, Жас, Алкалоид, ЈСП, Рокен – Рол, Роби – Инженеринг, ЖТО Локотеретна Станица, дел од ул. Лазар Поп Трајков, ул. Габреш, дел од ул. Ташко Караџа, дел од ул. Јани Лукровски и дел од ул. Вамбел“, велат од Електродистрибуција.