Адвокатите сѐ уште не ја добиле одлуката, но зато ги примиле решенијата со кои на притворените им се продолжува мерката, со напомена дека случајот се враќа на повторно судење.
-Денеска го примив решението за продолжување на притворот на сите кои досега ја издржуваа оваа мерка. Во решението се напоменува дека Апелациониот суд ја укинал првостепената пресуда и го враќа случајот на повторно судење, вели за „Фокус“ адвокатот Владимир Ракочевиќ.
Покрај Бошкоски, со првостепената одлука на казна затвор беа осудени Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ. На десетгодишна казна затвор беше осуден Зоран Трајковски, по осум години добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по шест Гоце Митревски и Никола Негриевски.
Според пресудата на Кривичниот суд, Бошкоски, како тогашен министер за внатрешни работи, наводно му дал зелено светло на Орце Коруновски за убиството на Тушевски и Јанев. Наводно ветил дека нема нема да поведе истрага за убиството, и ќе им помогне на извршителите да избегаат.
Откако адвокатите ќе ја добијат одлуката за укинување на предметот, ќе биде познато зошто пресудата не била уверлива за второстепениот суд.