(Видео) Зврлевски ја прифати пријавата од новинарите против Миленко Неделковски

by Фокус

Новинарите Петрит Сарачини, Билјана Секоловска, Бранко Героски, Ацо Кабранов и Борјан Јовановски, како и политичарот Нано Ружин денеска лично на јавниот обвинител Марко Зврлевски му поднесоа копија од текстот на Миленко Неделковски објавен на сајтот на Дудинка. Зврлевски откако оцени дека ова е интересен начин на поднесување на кривична пријава, ја прифати и вети дека ќе постапува непристрасно по неа.

 

– Се повикува на линч на јавни личности, се повикна на линч на нивните семејства. Доколку го прочитате овој текст ќе видите дека ова лице вели дека доколку институциите не се справат со нас, тогаш ќе се справел народот. Тоа е експлицитен повик на насилство – му објасни новинарот Сарачини.

Миленко Неделковски меѓу другото напиша и дека „доколку Владата и институциите на државата не ги преземат мерките на кои законот ги обврзува, следниот чекор ќе е вонинституционално организирање на Македонците за да си го изметат својот двор“.

„Ние, на 27-ми сме дале мандат Македонија да ги истресе од себе овие вошки и крлежи. Но, доколку не сака (или не може) државата, тогаш народот си има свои методи“, пишува Неделковски.

Поврзани новости