Потврдено обвинението против хрватскиот министер, кој предизвика сообраќајка во која загина еден човек

by Fokus

Една година по несреќата во која загина едно лице, судот во Хрватска го потврди обвинението против поранешниот хрватски министер за одбрана Марио Баножиќ.

Баножиќ се товари дека автомобилот го возел од правец на Винковци кон Жупања. Возел, како што е наведено, со несоодветна брзина и при претекнување на колоната преминал на спротивната страна иако поради маглата била намалена видливоста, какао и прегледноста поради возилото кое било пред него.

Поднесувањето на обвинението го одложуваше одбраната на Баножиќ, која се жалеше и на вештачењата како дел од доказите.

Во несреќата тешко е повреден Баножиќ, а со случајот се поврзуваат полемики, од тоа дали се прикривало дека имал алкохол во крвта или не, до тоа што полицијата не постапила навремено, потсетуваат хрватските медиуми.

Во несреќата загина маж, татко на две деца. Баножиќ за време на болничкото лекување поднесе оставка, а на таа функција го наследи Иван Анушиќ.

Поврзани новости