Потврдени сомнежите за несоодветно лекувани пациенти на скопска Онкологија, покажуваат вештачењата направени во соседна Србија

Според информациите споделени  на брифингот, и натаму постојат сомнежите дека на некои пациенти не им е давана терапија, иако е препишувана на нивно име.

by Fokus

Пациенти биле несоодветно лекувани на скопската Клиника за Онкологија, потврдиле вештачењата кои Обвинителството ги добило од соседна Србија. Ова на брифинг со новинарите го соопшти скопското Обвинителство, кои посочија дека се чека и второ вештачење кое се прави во Словенија.

Според информациите споделени  на брифингот, и натаму постојат сомнежите дека на некои пациенти не им е давана терапија, иако е препишувана на нивно име.

„Испративме истории во Србија, околу 16 истории со што тоа вештачење е изготвено и ние доставено на нас. Другото вештачење по однос на останатите 51 историја – тоа се уште не е готово и имаме прелиминарен извештај дека до крајот на јануари ќе биде готов и тој извештај“, велат од скопското Обвинителство и додаде:

 

„Нашите сомнежи по однос на несоодветно лекување се потврдени со вештачењето од Србија, а другото вештачење не можам да го коментирам. Се надевам дека тогаш би ја затвориле истрагата“.

Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, посочи дека истрагата за овој случај е при крај.

„Фокус“ пред една година во детали ги објави сите случувања на Онколошката клиника, меѓу кои и дека пациентите со недели чекаат терапии, дека биле несоодветно лекувани и постоеле манипулации со терапиите кои ги примиле.

(АРХИВА) „Фокус“ ги открива сите детали за Онкологија: Дали истрагата ќе удри по главата на криминалниот октопод или ќе паднат само ситните риби?!

(АРХИВА) Бизнис империја: Над 40 милиони евра за набавка на биолошка терапија во рацете на Пановски!

(АРХИВА) Нови сведоштва и сознанија за Онкологија: Косовски пациенти плаќале на рака и биле лекувани преку фиктивни истории од починати пациенти!

(АРХИВА) Онкологија набилда долг од 20 милиони евра, вработени крадат цитостатици од болните од рак!

(АРХИВА) Доктори и сестри крадат лекови за болните од рак, скапата терапија завршува на црниот пазар!

Биолошка терапија нема за сите онколошки пациенти, кои би можеле да ја добиваат, поточно пари има само за 24 отсто од пациентите кои примаат терапија во дневната болница, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија, објавен на крајот на ноември.

Во текот на 2023 година, како што информираат од ДЗР, изготвени се и се применуваат повеќе протоколи/упатства за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија е вклучена и биолошката, но се уште не се одобрени од страна на Министерството за здравство.

– И покрај зголемувањето, одобрениот условен надоместок не е доволен за вклучување на сите пациенти кои според медицинските индикации би можеле да ја примаат терапијата, односно одобрените средства се доволни за приклучување на само 24 отсто од пациентите кои примаат терапија во дневна болница – се наведува во извештајот.

Од ДЗР посочуваат дека воспоставениот начин на контрола од Фондот и плаќање на една дванаесетина од износот на условниот надоместок и понатаму остава простор фактурите кои се доспеани да не се платат навремено.

Состојбата на вкупните обврски на Клиниката на 31.12.2023 година изнесува приближно 952 милиони денари од кои доспеани се 402 милиони денари, а нивната доспеаност е сведена од 2 години на 6 месеци.

Ирена МУЛАЧКА 

Поврзани новости