405
Во силниот земјотрес и цунами што го погодија индонезискиот остров Сулавеси, загинаа најмалку 1.234 лица.
Најновиот биланс денеска го објави портпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо.
Тој додаде дека 799 луѓе се сериозно повредени. Според него, во најновиот биланс на состојба не се вметнати извештаи од Сиги и Баларо, па се очекува бројот на жртвите да биде поголем. Во близина на источниот индонезиски остров Сумба денеска се регистрирани два земјотреса на ниска длабочина, но опасност од цунами не е објавена.
Новите земјотреси беа регистрирани на 1.600 километри јужно од областа погодена од силниот земјотрес и цунами на централниот остров Сулавеси во петокот.