Бранот од пандемијата на Ковид -19 зема се поголем замав во земјава, рекордни досега 196 нови случаи на ковид – 19 во последното деноноќие, информираат од Министерството за здравство.
Од новозаразените 90 се во Скопје, по што следат Куманово-17, Штип-5, Прилеп-1, Тетово-45, Струга-8, Велес-1, Битола-4, Охрид-11, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Пехчево-2, Свети Николе-1, Ресен-2. Во последните 24 часа направени се 1.213 тестирања, информира Министерството за здравство.
Со исклучок на податоците од вторникот, кога се евидентираа 89 заразени, во последните десетина дена бројката на дневно ниво е троцифрена, а за две недели, заклучно со вчера, вкупниот број на заболени се искачи на 1577.
Се пополнуваат и капацитетите на болниците, но здравствените власти уверуваат оти засега ситуацијата е под контрола. Од првата општа болница што стана своевиден ковид центар „8-ми Септември“ велат дека поради очекување на зголемување на пациенти на кои им треба болничко лекување, ги зголемуваат капацитетите.