Осуммина починати пациенти, од кои четворица од Скопје

by Fokus

Регистрирани се осуммина починати пациенти од Ковид-19 во изминатите 24 часа, од кои четворица од Скопје, информираат од Министерството за здравство.

Починати се и по еден од Струга, Охрид, Гостивар и Ресен, каде што првиот случај на коронавирус беше регистриран пред неколку дена.

Кривата на заразени од коронавирусот никако да добие надолен тек.

Денеска во земјата се регистрирани рекордни 196 заразени од Ковид 19.

Поврзани новости