533
На граѓаните, на државата им се потребни законодавна и извршна власт, Собрание и политичка влада. Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме септември целосни подготвени, оцени лидерот на СДСМ Зоран Заев во нова видео-порака на неговиот фејсбук профил.
Новата нормалност, како што вели, значи организирање избори и кампања, според здравствените протоколи, кои ќе бидат 100 проценти сигурни за граѓаните и за нивното здравје и за сите учесници на изборниот процес.
„На граѓаните и на државата им требаат институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност, со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија“, вели Заев.