Потребата за онлајн плаќање поставува рекорди во дигиталната трговија

by Fokus

Растот на дигиталните плаќања за време на пандемијата достигнаа неверојатен раст. За време на периодот на ограничувањето на движењето, мобилните апликации и мрежните канали обезбедија витални услуги за нормално функционирање, а и по враќањето во нормалните услови, дигиталното плаќање продолжува да бележи постојан раст.

Податоците говорат дека онлајн функционирањето станува веќе потреба, а промената на каналот на комуникација ги менува и корисничките навики, велат во А1 Македонија кде услугата за електронско плаќање е активна 10 години, но последнава година доживува своја кулминација. Според најновите податоци од компанијата, дури 75% од корисниците на комуникациски услуги од А1 Македонија ги добиваат своите фактури преку мејл што се должи на едноставноста , ефикасноста , но и на безбедноста што ја обезбедува оваа услуга.

Најпосакувана опција за плаќање за корисниците на А1 се страницата на А1 МК https://www.a1.mk/plati-smetka, мобилната апликација Мојот А1 или преку истата апликација достапна во веб секцијата https://www.a1.mk/mojot-a1.

 Како може да се активира Е-сметка?

Е-сметка може да биде активирана на еден од следните начини: преку веб-формата, преку мобилната апликација Мојот А1, во делот Сметки, со праќање SMS порака во која корисникот ќе ја наведе својата е-мејл адреса на бесплатниот број 140410, преку веб-страницата www.A1.mk, во секцијата Мојот А1 како и со давање согласност за електронска сметка (само за Бизнис корисници) на следниот начин.

 Онлајн плаќање сметка на А1 Македонија во само неколку чекори:

Посетете ја веб-страницата www.A1.mk и во горниот десен агол кликнете на ПЛАТИ СМЕТКА.

Чекор 1

Внесете го бројот на фактурата што сакате да ја платите – сумата од фактурата автоматски ќе се вчита во полето за сума.

Внесете ја вашата маил адреса доколку сакате да добиете потврда за извршената уплата.

Откако ќе ги внесете бројот на фактурата и е-мејл адресата, кликнете на ПРОДОЛЖИ.

 Чекор 2

Во прозорчето што ќе Ви се појави со сумата што треба да се плати, кликнете на ПРОДОЛЖИ.

 Чекор 3

Кога ќе се отвори системот за плаќање, потребно е да ги внесете следните податоци:

– Име и презиме на носителот на картичката

– Бројот на картичката

– Рок на важност на картичката

– CVV2/ CVC2 сигурносниот код на задната страна на картичката

Откако ќе ги внесете потребните податоци, притиснете на копчето ПОТВРДИ.

Чекор 4

Системот ќе Ве префрли на екран каде што ќе може да ги проверите Вашите податоци. Доколку е сè во ред, притиснете на копчето ПОТВРДИ, кое се наоѓа на долниот дел на екранот. По неколку секунди ќе се појави информативен прозорец, на кој пишува дека плаќањето на сметката е

Упатството за користење на услугата можете да го погледнете и на видеото на линкот во продолжение https://www.youtube.com/watch?v=7fvIxxOonJg

 

 

 

Поврзани новости