521
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски стана татко. Тој на Фејсбук ја сподели радосна вест дека му се родил син кој ќе го носи името Јосиф.
– Денес ја добивме најголемата радост! Се роди нашиот син Јосиф Николоски! Сопругата Александра и јас, како и цело семејство пресреќни! – објави Николоски на социјалните мрежи.
Николоски е во брак со избраничката Александра од јуни 2018 година.