Ѕвезда во Премиерлигата се обложил 13 пати против својот тим

by Fokus

Англискиот фудбалер Иван Тони е суспендиран на осум месеци поради обложување. Тони дури 13 пати се обложил против својот клуб, за што денеска објавија британските медиуми.

Поради ова, му била дијагностицирана зависност од коцкање. Тони исто така призна дека ја лажел Фудбалската асоцијација на Англија и дека му давал внатрешни информации на својот пријател кога бил стартер на натпреварите.

ФА објави извештај денеска кој откри дека само меѓу август 2017 и март 2018 година, Тони се обложил на порази на Њукасл 13 пати (во 11 наврати), додека играчот на „Страчките“ бил позајмен во Виган. Останатите два облози биле на Виган против Астон Вила.

Покрај тоа, Тони користел туѓи сметки за коцкање за да поставува облози, иако првично тоа го негираше во своето прво интервју со ФА.

Исто така, постои сомневање дека имал друг телефон од кој плаќал само билети и дека тој телефон не го предал на Фудбалската асоцијација кога неговата истрага била во тек.

Низ сето тоа, тој сè уште се обложува на други спортови и игри во казино и е упатен кај експерти за да го решат неговиот проблем со коцкањето.

Тој ќе мора да оди на лекување додека трае суспензијата, која ќе трае до следната сезона. Тони можеше да добие петнаесетмесечна суспензија доколку не се изјаснеше за виновен и не беше утврдено дека му е потребна психијатриска помош.

Бројот на неговите облози или инструкции што им ги дал на другите да се обложуваат во негово име ја премина границата од 250.

Инаку, ФА имала помош од стручњак, д-р Филип Хопли, кој ги следел разговорите со Тони од оваа година и утврдил дека тој има зависност од коцкање.

Поради тоа, тој нема да може да тренира со Брентфорд до септември, па ќе мора сам да се грижи за да остане во форма, додека најверојатно нема да може да игра до јануари.

Поврзани новости