469
Јарослав Качински, лидерот на полската владејачка партија Право и правда, поднесе оставка на својата должност како потпретседател на Владата, јави денеска полската новинска агенција ПАП.
– Во овој момент веќе не сум член на Владата… Поднесов оставка до премиерот и тој ја одобри, а колку што ми е познато, ја потпишал и претседателот, изјави Качински.
Качински беше и шеф на владиниот одбор за национална безбедност и одбрана.
Според Качински, тој ќе биде заменет со министерот за одбрана Мариуш Блашчак.
Качински веќе најави дека посакува да даде оставка на функцијата во Владата, со цел да им се посвети на подготовките на својата партија за парламентарните избори следната година.