Групацијата „Балфин“ е присутна во Албанија, Австрија, Црна Гора, Косово, БиХ и Велика Британија, а во Македонија е позната по нејзината најголема приватна инвестиција, „Скопје Ист гејт“. Активностите на интернационалната компанија се раширени на резиденцијални објекти како Rolling Hills, трговски центри од калибарот на „Тирана Ист Гејт“, логистички паркови, канцелариски згради, туристички ресорти меѓу кои Green Coast, малопродажни ланци како „Нептун“, „Џамбо“, „Спар“ итн. Годишниот промет е околу 500 милиони евра, а бројот на вработени во сите компании под капата на групацијата е до 5000.
Инвестициите на „Балфин“ достигнуваат повеќе од милион квадратни метри квалитетна градба во вредност од 1,4 милијарди евра во капитал. Во својата корпоративна структура, групацијата е водена од принципите во кои се вклопени најдобрите аспекти на претприемничката култура кои водат кон успех. Правејќи комбинација на локални и интернационални врвни менаџери, групацијата постојано разгледува нови инвестиции на Балканот и во други региони во светот.
Канаѓанецот Мартин Расел е искусен, интернационален експерт во банкарскиот сектор кој има работено во држави како Австрија и Обединетите Арапски Емирати, а сега е потпретседател во делот за интернационални активности во „Балфин“. Тој даде интервју со фокус на моменталните инвестиции и планови за иднината на „Балфин“. Заедно со партнерот од Македонија, Арсим Папранику и професионалецот со интернационално искуство Стивен Грунеруд кој е потпретседател за спојувања и аквизиции, Мартин го донесе своето меѓународно искуство во управниот одбор на групацијата.
Може ли да ни кажете малку повеќе за вас и за вашето искуство пред да се приклучите на „Балфин“ како заменик-претседател за меѓународни активности?
Роден сум во Канада, град наречен Руен Норанда. Се наоѓа на 600 километри од Монтреал во провинцијата Квебек. Се работи за прекрасен дел од земјата со многу пејзажи, езера и добри луѓе. Во 1988 година го напуштив мојот роден град и заминав во Квебек каде по три години дипломирав на Универзитетот Лавал со диплома како актуар. Некое време работев во таа сфера, но не ми се допадна и се запишав на магистерски студии во HEC Montreal. Летото кога требаше за ја предадам мојата финална теза завршив шетајќи низ Европа. Непотребно е да кажам дека не завршив, на разочарување на моите родители за што се уште зборуваат. Добрата работа е дека се вљубив со стариот континент.
Мојата прва банкарска работа беше во Business Development Bank во Канада во 1998 година, а во 2006 Raiffeisen Bank International ме регрутираше за нивниот SME Banking team во Виена. Тоа ми овозможи повторно да ја посетам Источна Европа и подобро да се запознаам со таа историја и култура. Во 2014 се пределив во Обединетите Арапски Емирати каде станав дел од Abu Dhabi Commercial Bank (ADCB). Банката која е трета по големина во земјата ми го предаде водство на тимот за бизнис банкарство. Водев голема екипа од 300 луѓе и имаше многу предизвици поради миксот на култури. Но, навистина ја сакав таа работа. Ми даде поинаков поглед на светот. По пет години, повторно сум назад во Европа, Источна Европа, односно во Албанија работејќи за „Балфин“.
Зошто одлучивте да работите во „Балфин“?
Кога ќе стигнете до одредена точка во вашата кариера, сакате да влијаете врз луѓето, средината и општеството. Самир Мане, директорот на „Балфин“, има одлична визија за неговата компанија и сака да изгради подобро утре. Не можев да ја пропуштам таа можност!
Како одговорен за интернационални активности, вие ги надгледувате инвестициите во земјите каде што групацијата работи, а Македонија е една од нив. Можете ли да ни кажете повеќе за инвестициите на „Балфин“ на Балканот?
Како групација сме биле и сме активни во сферата на малопродажбата, рударството, недвижностите и туризмот. Во последно време сме во потрага по технологија, алтернативна енергија и вода бидејќи веруваме дека се со потенцијал за раст во иднина.
Што се однесува до Балканот, само го што купивме FerroNickelli, производител на никел во Косово и го завршивме купувањето на Tirana Bank од „Пираеус“ во Албанија. Освен тоа, ги имаме брендовите „Спар“, „Нептун“ и „Џамбо“, кои работат во различни балкански земји.
За каков тип на инвестиција станува збор во Македонија?
Во 2017 година ги купивме земјиштето кај Скопскиот саем, со цел во тек на следните пет до седум години да развиеме проект со мешана употреба. Планирани се три дела: на краток рок тоа е трговскиот центар „Ист гејт“ (околу 45.000 квадратни метри бруто површина за изнајмување) кој е во план да биде готов на крајот од 2020 година; на среден рок ќе се изградат 10 резиденцијални објекти и на подолг рок пет канцелариски згради. Државата се движи напред така што сакаме да бидеме сигурни дека „Ист гејт“ е дел од тој тренд. Поради тоа сме насочени кон привлекување на брендови кои ги нема во Македонија. Навистина сакаме да направиме промена и се надеваме дека на граѓаните ќе им се допадне тоа што го креираме за нив. Воедно, повеќе од 20 години во Македонија сме присутни со „Нептун“. Имаме развиена мрежа во 21 град со 25 трговски локации, со некои од најпознатите меѓународни брендови.
Кои се некои од предизвиците со кои се соочувате во Македонија?
Станува збор за масовна инвестиција за која е потребно голема координација од различни организации, оддели и луѓе со цел да се движи работата напред.
За да одговорам вашето прашање за предизвиците, нормално е дека како и секој инвеститор, би сакале работите да се движат побрзо, но јасно ни е дека има процедури кои треба да се следат со цел да се осигураме дека проектот ќе биде успешен.
Можете ли да ни кажете за идните планови на „Балфин“ во Македонија? Дали како групација планирате да инвестирате во други земји во 2019 година? Можете ли да ни кажете нешто повеќе?
Покрај трговскиот центар, отсега имаме многу работа пред нас во Македонија, бидејќи резиденцијалните згради и канцеларискиот парк се уште се развиваат. Нашата инвестиција од 180 милиони евра ќе се реализира и во следните години. Ако зборуваме за други проекти во Македонија, секогаш сме во потрага по инвестиции и не можеш да знаеш што ќе донесе иднината. Од друга страна, „Нептун“ во Македонија планира да го продолжи проширувањето со нови продавници како и да ги подобри и да продолжи да ги нуди најдобрите услуги за клиентите. Во 2019 година, „Балфин“го проширува своето тековно портфолио на брендови на Балканот (меѓу кои и Молдавија), додека активно ги разгледува можностите во Западна Европа. Групацијата ми даде задача да го истражам потенцијалот на Африка како регион и да стапам во контакт со потенцијални партнери кои може да ни помогнат да влеземе на пазарот. Покрај тоа, остануваме отворени кон тоа да се појави потенцијален партнер со проект кој носи долгорочен раст!