Јанева: Можни се покрупни предмети од овие што ги имаме

by fokus

Можно е некој да се спаси, а некој да биде и плус обвинет, изјави денеска шефицата на СЈО, Катица Јанева, во врска со новиот Закон за Јавното обвинителство, кој вчера беше изгласан на владина седница.

-Ние сме задоволни што ни се проширува надлежноста, не сме ограничени на бомбите. Во периодот што го анализиравме видовме дека има и други прекршувања на кривичниот законик. Може во одредени предистраги ќе отвориме и покрупни предмети од овие што ги имаме – рече Јанева.

Таа одговори и на новинарските прашања за средбата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Јанева изјави дека средбата била иницирана од Мицкоски, а преку трето лице кое било присутно таму. Рече дека тоа бил неврзан разговор каде Мицкоски ги повторил критиките на ВМРО-ДПМНЕ дека само нивни функционери се предмет на истраги на СЈО.

-На еден начин мислев дека е добро да се поразговара и да го замолам да го поддржи законот доколку дојде до продолжување на мандатот, за СЈО да стане институција дел од правосудниот систем. Замолив да го разгледа тоа прашање внатре во партијата. Немало никакви уцени и закани – рече Јанева.

На прашањетоа за контроверзноста лидер на партија да се среќава со јавен обвинител таа одговори:

-Зошто да немам средба со Мицкоски? Јас го почитував Законот за кривична постапка, разговарав не само со Мицкоски што не е обвинет, туку и со сите обвинети во нашите предмети. Тој е дел од естаблишментот, како претствник на ВМРО-ДПМНЕ, имотот на партијата е замрзнат, зошто да не дојде да разговараме за тоа прашање?  – рече Јанева.

Поврзани новости