525
Претставници на СДСМ и ДУИ ги почнаа преговорите за формирање на нова Влада, јави телевизија 21.
Од СДСМ претставници се заменик-претседателката Радимла Шеќеринска, Рената Дескоска и Оливер Спасовски, а од ДУИ Изет Меџити, Теута Арифи и Невзат Бејта.
Преговорите не се одржуваат во ниту едно од седиштата, туку на неутрален терен, во хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје.