Бесплатен јавен превоз за сите додека не се намали загадувањето

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денеска на прес конференција соопшти дека од утре јавниот превоз ќе биде бесплатен за сите граѓани и во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници.

Трајановски рече дека бесплатниот превоз е една од краткорочните мерки што ги презема Градот поради енормното загадување на воздухот во Скопје.

-Оваа мерка ќе биде во сила се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар. Апелирам до градоначалниците на останатите општини да се приклучат со субвенции кон јавните претпријатија, за да може да го понесеме заедно финансискиот товар, рече Трајановски.
Тој најави дека градската комунална инспекција ќе ја интензивира контролата на градилиштата, односно ќе се проверува дали камионите се со измиени тркала и дали товарот е покриен.

Поврзани новости