149
Белградскиот сплав „Картел“ синоќа почна да тоне и тоа во моментите кога на него имаше голем број луѓе.
Како што можете да се види на видеата, приодот до сплавот целосно потонал, а гостите се обиделе да се спасат со пливање до брегот.
Според изјавите на сведоците, на се’ претходела тепачка, а потоа и исфрлање на гостите од клубот. Телеграф јавува дека тогаш на мостот имало голема гужва и сплавот почнал да тоне. Во тој момент гостите панично почнале да го напуштаат сплавот.
Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и со чамци ги евакуирала гостите. Сè уште не се знае дали има повредени или поради што потонал ноќниот клуб.