Потона галијата „Ројал Македонија”

by Фокус

Поројните дождови го подигнаа нивото на Вардар, па галијата „Ројал Македонија”  почна да тоне во водите на реката.

Првиот од трите бродови, кој почна да работи пред две години, денеска беше поплавен до првиот пристапен влез.

Инаку, галијата „Ројал Македонија” функционира како кафуле и ресторан, а се наоѓа  спроти зградата на МЕПСО од левата страна на камениот мост.