398
Во Кривичниот суд денеска требаше да се одржи судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет градоначалникот Зоран Заев, но судењето е одложено за 6 март.
Минатото рочиште беше одложено на барање на јавен обвинител кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на судењето.
Заец во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.
Инаку, премиерот Заев, придружуван од владина делегација денеска во Лондон ќе учествува на Самитот за Западен Балкан за привлекување странски инвестиции.