Поставени шатори пред Собрание против Законот за јазици

by fokus

Дел од членовите на здружението Македонски национален совет поставија шатори пред Собранието и порачаа дека нема да си одат од таму додека не  се повлече Законот за употреба на јазиците, објави Телевизија 24.

Од Македонскиот национален совет бараат да се заштити Уставот и поредокот на Република Македонија. Велат дека по институционален пат ќе бараат повлекување на Законот за употреба на јазиците.

Комисијата за европски прашања на која утре требаше да почне амандманската расправа за  законот за употреба на јазиците е откажана. Нема информации кога би се одржала и зошто буквално преку ноќ ја снема од веб страницата на Собранието.

Поврзани новости